Докторите оптимисти- мозокот на Шумахер ќе работи како Формула 1 болид

Откако на социјалните мрежи се прошири вест дека Михаел Шумахер починал, од болницата во Гренобл каде се наоѓа тој веднаш беше демантирана оваа лажна информација.

Неврохирургот Мунтер Сабарини во една изјава вели дека не се плаши за здравствената состојба на Шумахер, бидејќи е убеден дека Михаел ќе биде оној стариот.

“Неговите мозочни ќелии ќе работат како болид во Формула 1. Доколку некој возач покаже слабост, другиот ќе ја надвладее таа ситуација. Така работи и мозокот. Младите и здрави луѓе како Шумахер имаат поголеми шанси за опоравување од таква траума”, изјави Сабарини.

Тој вели дека засега најголем ризик е воспаление на белите дробови. 

07.02.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа