Пејачката Шерил Кроу има тумор на мозокот

Пејачката Шерил Кроу пред две години ја дозна шокирачката вест дека има бенигнен тумор на мозокот.

Како што пишува „Mirror“ пејачката пред седум години успешно го излечи ракот на дојката и од тогаш погледите кон светот почнала да ги гледа поинаку.

"Секоја година одев на редовен преглед на градите, а во истовреме дознав дека имам бенигнен тумор на мозокот. Мојата меморија не е во ред, па разговарав со лекарот за тој проблем, а тој ми рече дека тоа е нормално за моите години. Но, јас имав чудно чувство дека нешто се случува. Нешто ме притиска во мојата глава. Направив преглед и тогаш лекарот ми потврди дека имам тумор на мозокот, но оти тоа не е поврзано со мојата меморија", изјави Кроу.

07.02.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега