Големо невреме и поплави во Франција и Шпанија

Поради поплавите во крајбрежната област Бретања, француската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога, откако претходно прогласи тревога од втор, портокалов степен во 29-от округ од Бретања до Париз.

Во изминатите денови баскиската област на француската граница со Шпанија, ја погоди невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови.

Во невремето  шпански товарен брод удри во ѕид во француското пристаниште Бајон и се скрши на два дела.

Во Шпанија ветрот со јачина од 130 километри на час, предизвика бранови на западниот брен високи осум метри и предизвикаа штети од повеќе милиони евра.

 

Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажираше кралската морнарица да помогне во сузбивањето на разорните поплави, незапаметени во последните 250 години.

07.02.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега