Продолжуваат протестите пред ректоратот на Универзитетот во Приштина

Студентите од Приштина и денеска протестираат пред Ректоратот на Унивезитетот при што еден полицаец е повреден при судири со група, а во инцидентот се повредени и неколкумина демонстранти.

Стотици студенти, поддржани од членови на граѓански асоциации и политички партии, веќе неколку дена протестираат пред Ректоратот барајќи оставка на ректорот Ибрахим Гаши.

Тие денеска насилно влегле во дворот на Ректоратот, по што се обидела да упаднат и во зградата на текторската управа, но биле спречени од полицијата.

Меѓу учесниците на протестот беа и Ветон Сурои, Флака Сурои, Халил Матоши, Игбале Ругова, Имер Мушколај, Илир Деда и други познати косовски личности.

06.02.2014 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега