Пејачката Ана Николиќ си фати бизнисмен?

Ана Николиќ си фати ново момче. Новото момче на српската пејачка се вика Слободан Томаш кој има 53 години и е сопственик на една дискотека во Швајцарија. Ана го запознала за време на престојот во Тајланд каде настапувала.

„После неуспешните врски Ана се посветила на настапи низ Европа и Томаш ја освоил со своето ненаметливо додворување. Томаш уште од почетокот ги покажувал своите симпатии кон пејачката, но засега не сакаат врската да ја експонираат во јавноста“, изјави извор близок на двојката 

Наводниот љубовник на Николиќ се пожалил да не му прават проблеми бидејќи на Тајланд си бил со сопругата во ист период кога била и Ана но тие немале ништо.

„Таа се галеше со некој тип по плажите, но тоа не бев јас. Единствениот наш контакт е договорениот настап во мојата дискотека,“ рекол бизнисментот.

06.02.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега