ФОТО: "Бог ме прати да ви помогнам" - келнерки добиле бакшиш од 15.000 долари

Жена од Илиноис чиј идентитет е непознат, овој викенд израдувала три млади девојки кои работат како келнерки во ресторанот кој таа често го посетува. Верувале или не, таа на трите девојки им оставиле бакшиш од неверојатни 15.000 долари, или оставила по 5.000 долари за секоја од нив.

Светските медиуми пишуваат за приказната која со брзина на светлината дојде и до социјалните мрежи. Ејми, Ембер и Сара кои работат во ресторанот   "Boone County Family" оставнале вчудоневидени кога сфатиле дека нивната гостинка дебело ги почастила. Додека тие ја служеле разговарале дека немаат пари за школување, па хуманата и добродушна жена се одлучила дел од своето богатство да им даде на трите вредни девојки.

- Сакам да ги земете овие пари како помош за вашето школување. Бог ме прати да ви помогнам. Само ставете ги во џебот, им напишала госпоѓата.

Девојките се пресреќни бидејќи конечно со овие пари ќе имаат можсност да платат за своето школување.

Ова е само уште еден доказ дека постојат сеуште хумани и добродушни луѓе на светот.

06.02.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа