ФОТО: Ова се матурантите кои донесоа херојска и храбра одлука

Матурантите од економското училиште „Вук Караџиќ“ од српскиот град Стара Пазова, донесоа многу хумана и херојска одлука.

Тие за матурската ноќ нема да си купат нова облека, а парите кои планирале да ги дадат за таа намена, ќе ги донираат во хуманитарната акцијата „Битка за бебиња“, која се спроведува во Србија, пишуа Курир.

Идејата ја дала нивната професорка и класен раководител, Вера Золњан:

-Таа ни предложи барем еднаш во нашите животи, кога ќе имаме можност, да бидеме хумани. Се договоривме дека е многу подобро наместо да се расфрламе со пари, да ги дадеме на некој на кој повеќе му требаат. Ова секако ќе го паметиме цел живот, вели ученичката Милица Николиќ.

Матурантите за најсевечената ноќ ќе облечат нешто што веќе го имаат во своите домашни плакари.

Парите кои ќе бидат собрани ќе одат за акцијата за собирање пари за 100 инкубатори за породилиштата во Србија.

најчитано сега