Весна Бејби со ново шоу и нов имиџ се враќа на малите екрани

Популарната актерка Весна Бејби Петрушевска, се враќа на малите екрани. Како што јавува Вистина.мк, Весна Бејби ќе биде водителка на ток-шоу кое ќе се снима по светски стандарди.

Емисијата ќе носи наслов Вечер со Весна Бејби, за продукцијата е задолженТомато, а ќе се емитува на Алфа. Дел од шоуто ќе бидат популарни имиња од целиот Балкан, а ќе бидат изненадувани со снимки од нивните гостувања во Вртелешка.

За новата емисија Весна го смени и имиџот, за кој се погрижи Александар Билјановски Дадар кој потоа и објави фотографија од нив.

 

05.02.2014 - 10:53
Фото: 
вистина.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа