Експлозија во фабрика за оружје во Црна Гора - повредено едно лице

Eдно лице е повредено при помала експлозија во фабриката за оружје „Тара“ во Мојковац во Црна Гора.

Според  црногорските медиуми, повредена е шефицата на Пиротехничкиот отсек, која се здобила со изгореници на лицето и рацете.

Директорот на фабриката Дејан Марковиќ соопшти дека експлодирал садот со смесата на која работела жената.

- Благодарејќи на мерките за заштита избегнати се потешки последици од овој инцидент. Не е направена ниту поголема материјална штета, затоа што просторијата е максимално обезбедена, соопшти тој.

Марковиќ уште рече дека полицијата направила увид на местото на експлозијата и оти во тек е истрага за овој инцидент.

02.02.2014 - 10:59
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега