Ги шокирал полицајците - останал жив иако возел со 6,26 промили алкохол во крвта!

Верувале или не, 30 годишен маж од Бјеловар останал жив иако возел автомобил со 6,26 промили алкохол во крвта!

Како што јавува 24вести.хр, откако бил запрен со своето возило, овој маж чиј идентитет не е познат, ја шокирал полицијата кога му бил направен алко-тест. Тестот покажал дека тој има 6,26 промили алкохол во крвта.

- Над 6 промили алкохол значи дека животот ви е загрозен. Може да дојде до смрт. Сепак., ако овојпат преживеал, не значи дека ако го повтори делото повторно ќе има среќа, велат од полицијата за порталот.

Инаку, над 4 промили алкохол во крвта се многу опасни, па чудо е како овој човек е воопшто жив!

 

 

01.02.2014 - 15:53
Фото: 
журнал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега