Отишол во болница паднал од прозорец и починал

Трагедија го потресе Мостар. Младо момче отишло во болница, паднало од прозор и починало.

Како што пренесуваат босанските медиуми, се работи за 20-годишниот Р.Г. кој од засега неразјаснети околности, утрово паднал од прозорец на Клиниката за инфективни болести во Мостар каде бил хоспитализиран.

Момчето за жал починало на местото на настанот поради сериозноста на повредите со кои се здобило.

Детали ќе бидат објавени откако ќе заврши истрагата.

01.02.2014 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега