На Босанците кои убија рис им се заканува казна затвор!

Отакако на своите профили на Фејсбук, ловџии од Босна објавија фотографија со убиен рис, реагираа и светските организации за заштита на природата WWF и IUCN.

Рисот е заштитен со закон во БиХ, како и во сите држави во регионот, но и во Европа, наведува WWF во соопштението.

 "Со убиството на рисот не е само што е нарушен законот, тука е направена и штета за Босна и Херцеговина преку уништување на нејзините природни богатства, кои му припаѓаат на целиот народ", истакнал во соопштението Леон Кебе од WWF.

Додека пак директорот на IUCN за југоисточна Европа изјави дека проблемот со незаконскиот лов е присутен во нашиот регион. Освен почитување на законот, решавањето на проблемите бараат мобилизација на заинтересирани групи, најмногу кај ловечките здруженија, појава на свест и образование за значајноста од заштитата и зачувувањето на дивите видови.

Според проценките во цела Европа има околу 8.000 рисови, па со оглед на малата бројност, секоја единка е од голема важност.

Во 50-тите година на минатиот век популацијата во Европа паднала на само 700 единки, па организациите вложиле многу труд за да го зголемат бројот.

 

Од светските организации за заштита на природата WWF и IUCN велат дека за  пораст на бројноста на рисот мора да решат сите проблеми, меѓу кои најголем е незаконскиот лов.

01.02.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа