Нови 450 вработувања - стартува изградбата на холандската фабрика во Свети Николе

Во индустриската зона „Овче Поле“ во близина на Свети Николе стартуваше изградбата на нова фабрика за печурки. Се разботи за странска холандска инвестиција, а напоставувањето камен-темелник без присутни премиерот Никола Груевски градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев и инвеститорот ИД Балкан ДООЕЛ Тетово, Теодорус Ван Кампен.

- Република Македонија со севкупната бизнис-клима со сето она што го направивме во изминатиот период со сите оние резултати и рангирања на земјата во редот на најдобрите бизнис-реформатори во Европа и во светот станува се позабележителна и поатрактивна држава за странски инвестиции. Тоа се докажа и на терен и на многу други места каде што се изградија или во моментот се градат фабрики на странски инвеститори, рече Груевски на поставувањето на камен-темелникот на фабриката за печурки.

Груевски додаде и дека наскоро ќе започне изградбата на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип која ќе биде од големо значење за бизнисот.

Инаку, фабриката за печурки во првата фаза од инвестицијата планирано е да се вложат околу 3,5 милиони евра додека за пет години севкупната инвестиција се проценува на 25 милиони евра.

На почетокот ќе бидат вработени 30 лица, а за неколку години бројката на нови вработувања треба да достигне до 450.

 

01.02.2014 - 13:21
Фото: 
нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа