Македонски земјоделци на саем во Солун

Македонски земјоделци во организација на Федерацијата на фармери на Република Македонија денеска присуствуваат на Саемот за земјоделство АГРОТИКА во Солун, Грција.

Станува збор за 150 земјоделци од земјава кои се дел од саемот на кој ќе биде презентирана земјоделска механизација, нови технологии, заштита, семе и саден материјал.

Целта е да се поттикне зедничкото планирање и донесување одлуки за усвојување и примена на нови земјоделски техники и технологии, што ќе доведе до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите.

01.02.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа