Фетиш му биле високите потпетици - уапсено момче поради кражба на 450 пара штикли

28- годишниот Шо Сато од Јапонија е уапсен поради сомнение дека крадел вискои потпетици од хостеса во ексклузивен ноќен клуб во Токио.

Тој наводно влегол во гардеробата на отмениот бар и украл 14 чифта чевли на пети и козметика во вредност 550.000 јени, сопштува јапонската полиција.

При пребарувањето на неговиот стан, полицијата кај 28-годишниот фетишист пронајде дури 450 чифта женски чевли.

- Чувствував радост додека ги крадев потпетиците. Не ме интересираат нови, туку носени, рече крадецот, кој плакарот со чевли го нарекува „ковчег со злато“.

30.01.2014 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега