Украина ќе ги амнестира уапсените демонстранти

Парламентото во Украина  го одобри нацрт-законот за амнестија, кој беше изготвен од постојаниот претставник на претседателот во Врховната рада, пратеникот од Партијата на регионите Јуриј Мирошниченко. 

Нацрт-законот го поддржаа 232 пратеници, од 416 присутни. Законот предвидува амнестија за сите учесници во немирите за време на масовните протести, освен за извршителите на тешки криминални дела. Согласно текстот демонстрантите треба да ги ослободат од нив окупираните државни згради во Киев и земјата во рок од 15 дена за да бидат амнестирани. 

На гласањето на законот му претходеа остри дебати во парламентарните групи, во кои учествуваше и претседателот на државата Виктор Јанукович.  

30.01.2014 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега