Мртва жена лежи покрај пруга во Прилеп

Мртвото тело на повозрасна жена е пронајдено вечерва покрај железничката пруга во месноста сточен пазар во Прилеп.

Околу 20:45 во полиција било пријавено дека во близина на пругата има женски труп по што на терен веднаш излегла екипа составена од полициски службеници и јавен обвинител.

Увидот се уште трае, и засега не е познат идентитетот на жената, ниту како настапила смртта.

Според првичните и инеофицијални информации, жената имала повреди на главата но се уште не се знае како настапила смртта.

Телото е предадено на обдукција по што ќе се знаат повеќе детали

29.01.2014 - 22:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега