Клепер: Јануковиќ сака да остане на власт

Претседателот на Украина  Виктор Јанукович е решен да остане на власт и најверојатно ќе употреби сили или некој друг нелегален чекор за да се спротистави на масовните протести, изјави денеска шефот на Националната разузнавачка служба на САД, Џејмс Клепер.

Шефот на 16 обединети американски агенции во писмото до Сенатот наведува дека Јанукович не планира да ја предаде власта и по секоја цена ќе обезбеди повторно да биде избран.

Клепер посочи и дека рускиот пакет финансиска помош што Украина ја доби во декември ќе и помогне на земјата на краток рок, но ќе го зголеми и влијанието на Москва врз Киев.

Претходно, поранешниот украински претседател Леонид Кучма предупреди дека земјата се наоѓа пред граѓанска војна

29.01.2014 - 20:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега