Семејна драма: Исчезна внуката на Леонардо Ди Каприо

Судот во Калифорнија ја прогласи за исчезната малата 6-годишна внука на холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо.

Како што објавија американските медиуми, исчезнала Нормади Фарар, ќеркичката на полубратот на Лео, Адам Фарар.Родителите на малечката завршиле во затвор. 38-годишната Черити Мур, мајката на малата Нормади завршила во затвор, а само 5 дена по неа во затвор се најде и Адам, нејзиниот сопруг.

"Никој во семејството Ди Каприо не знаеа дека двајцата родители се уапсени и никој не знае каде е моментално нивната ќерка Нормади" - соопшти близок извор на семесјтвото.

Мајката на Лео, Пеги, исто така е многу загрижена за својата внука иако не е во добар однос со нејзиниот син Адам.

 

29.01.2014 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега