Каде ќе и оди душата: Мајка од пеколот го нудела бебето за снимање детска порнографија

Дваесет и пет годишната Натиша Хилард од Гери во Индијана доби казна од 30 години затвор откако признала дека своето бебе, од нејзиниот четврти до 18-ти месец повремено го продавала за снимање на детска порнографија, па и за секс .

Натиша е уапсена минатата година во март, откако сопственичката на еден салон за масажа пријавила дека нејзиниот “деловен партнер”, Кристофер Боур и покажал видео снимки со детска порнографија и ја прашал дали и таа сака да снима секс со дете.

Како доказен материјал е земена СМС пораката која Боур и ја испратил на споменатата сопственичка на салонот за масажа во која прашува: -Сакаш ли утре да ме гледаш како си играм со бебето, во живо? .

Боур и Натиша Хилард се обвинети за производство и поседување детска порнографија, а на снимките кои се најдени кај нив се гледа како Боур детето го допира на непристоен начин додека жената која го држи е идентификувана како неговата мајка Натиша.

Таа исто така признала дека и своето постаро дете кое, кога почнало тоа имало 3 години, го изнајмувала на Боур за снимање на порно фотографии, и дека – ако дополнително плаќал – го пуштала и да остане на само со детето.

На судењето рекла дека не знаела што Боур работи на само со бебето. Пресудата се уште не е донесена, но се знае дека на оваа мајка монструм не и бега затворска казна помала од 30 години.

29.01.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега