Тинејџерка никогаш нема да го заборави првиот скок со падобран - еве зошто

Мекензи Ветингтон од градот Џошуа во американската сојузната држава Тексас никогаш нема да го заборави својот прв скок од падобран.

Таа 16-ти роденден решила да скока со падобран заедно со нејзиниот татко во Оклахома каде законот дозволува вакви скокови за 16- годишници.

Нејзиниот татко скокнал прв, по него скокнала и Мекензи, но мажот што бил во групата со нив се предомслил и не скокнал, па и инструкторот решил да остане во авионот и да се погрижи за преплашениот „скокач“.

Тогаш работите трнале кон лошо. Главниот падобран на Мекензи не се отворил, а инструкторот преку воки-токи и давал инструкции како да го отвори помошниот падобран.

Тинејџерката во останатиот дел од скокот целосно изгубила контрола и се онесвестила, но и покрај страшниот удар на земјата на изненадување на сите таа го преживела скокот.

Мекензи има повреди на карлицата и внатрешно крварење, но лекарите тврдат дека е надвор од животна опасност.

29.01.2014 - 11:37
Фото: 
воштип

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега