Лекарите го будат Михаил Шумахер од кома

Лекарите од болницата каде се наоѓа седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, започнале да го будат од вештачката кома во која се наоѓа веќе еден месец.

Како што објавува весникот „Екипа“, цитирајќи неименуван извор од болницата лекарите се одлучиле да го разбудат Шумахер од кома еден месец по несреќата на француските Алпи, на која се здоби со повреди на главата поради што беше подложен на две операции, при што му беше отстранет половина череп.

Весникот посочува дека легендарниот возач  добро реагирал на процесот за будење од комата, кој започнал на почетокот на оваа недела. 

Засега нема официјално соопштение за оваа информација. Последните црни прогнози за состојбата на Шумахер беа дека тој би можел да остане во вегетативна состојба до крајот на животот.

 

29.01.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега