80 тони сол фрлени на скопските улици

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници, како и на булеварите и улиците кои се во надлежност на Град Скопје, каде фрлија околу 80 тони индустриска сол.

Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта" на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје.

Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините.

Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градот Скопје претстојнава зима снежните наноси од градските улици ќе ги расчистува со вкупно 24 возила, коишто се стационирани во пунктовите на ЈП „Улици и патишта“ во Железара и во Кисела Вода.

29.01.2014 - 08:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега