Вака се живее во најлуксузниот затвор на светот!
Затворот „Сан Антонио“ на островот Маргарита во Венецуела од надвор изгледа како секој друг затвор - стражари во униформа го чуваат влезот и со намуртени погледи ги дочекувваат посетителите.
Но, глетката внатре во затворот е сосема поинаква. Повеќе од 2.000 затвореници, воглавно осудени поради убиства или шверц на дрога, се забавуваат со разголемии убавици на сончевата плажа на која се шири мирис на марихуана и се слушаат звуци на реге музика од блиските клубови, пишува „Њу Тајмс“.
Иако ваквата глетка ќе ве наведе да помислите дека се наоѓате на забава кај некој богаташ, тоа сепак е секојдненвиот живот на затворениците.
Комапнијата „Џрнимен Пикчрс“ на ЈуТјуб објави краткометражен документарен филм за овој „најдобар затвор во светот“, каде целиот луксуз е благодарение на Теофил Родригез, осуден нарко-бос, кој е главен „алфа мажјак“ во затворот и се грижи за затворениците.
Иако се смета за релативно мирно место, островот Маргарита е познат и како транзитна зона на нарко дилерите, о д каде пратките со дрога поаѓаат во Карипското Море кон САД. Тоа миожеби е и објаснувањето зошто во овој затвор наместо полиција, „владеат“ дилерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа