Крадец останал шокиран кога видел што има во торбата која ја украл - еве зошто

Џепарош во Индија се изненадил кога во торбата која ја украл од некого не нашол пари туку бебе! 

Се работи за 20-годишниот Кишор Кале кој продавал лакови за нокти, а потоа си ги собрал производите и се качил во воз, а внатре забележал торба, која ја собрал и набрзина излегол.  Мислејќи дека во торбата има пари или други скапоцености, Индиецот излегол од возот и ја отворил украдената торба, но тогаш доживеал шок кога сфатил дека внатре има бебе старо два месеци. Во паника тој се обидел да избега, но бил запрен од случајните минувачи.

Бебето било веднаш пренесено во болница, со што всушност крадецот му го спасил животот. 

- Детето ќе починеше ако Кале не ја земел торбата и не ја отворил, вели еден од полицајците.

 

28.01.2014 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега