Европскиот суд оцени- Ирска не ги заштитила децата од сексуално малтретирање

Европскиот суд за заштита на човековите права денеска се изјасни дека ирската Влада не успеала да ги заштити децата во случајот на сексуалното малтретирање во училиштето раководено од Римокатоличката црква, каде пред четири децении наставничка на замена сексуално злоупотрбувала девојчиња.

Големиот совет на Европскиот суд смета дека односот кон Луиз О’Киф бил нехуман и деградирачк и оти е повредено нејзиното право правно да дејствува.

О’Киф, која веќе доби одреден паричен надомест поради сексуалното злоупотребување, тврди дека Ирска не презела соодветни мерки против малтретирањето во националното учичиште Дандеро на почетокот од 1973 година. 

28.01.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа