Никогаш нема да погодите: Која е оваа натпреварувачка од Икс-Фактор? (ФОТО)

Една од натпреварувачките на Икс Фактор освен што докажа дека знае да пее, одлично се снаоѓа и во актерските води. 

На социјалните мрежи се појави фотографија од атрактивната Александра Секулиќ која минатиот пат успеа да ги "преживее" елиминациите, на која се гледа како таа е маскирана во Африканка за потребите на претставата "Добродојдовте во Србија", за која таа е дел од актерската екипа.

- Да, точно е глумам во претставата и среќна сум поради тоа. Сега имам многу малку време поради Икс Фактор, а ако продолжам со ова темпо ќе мора да се клонирам, вели Александра низ смеа, пренесува српскиот Курир.

За вечерашните елиминации, Александра вели дека и се допаѓа песната која ќе ја отпее и дека е премногу емотивна, но не е балада.

 

28.01.2014 - 14:36
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа