Вистински хорор- ќерката одела по ѕидови синот разговарал со замислено момче

Болничарите во шок го гледале 9-годишното момче како оди по ѕидовите на куќата. Не помогнал ниту егзорцизам, а еден свештеник потврдил присуство на 200 демони.

Триесет и две годишната Американка Латоја Амонс, се преселила со својата мајка и трите деца во куќа во Гари, Индијана во 2011. година. По преселбата слушале чекори во подрумот, гледале мокри отпечатоци во дневната соба, а во зима куќата им била преполна со муви.

Вистинскиот хорор започнал да се случува на 10 март во 2012-тата година кога на гости им дошле пријатели кои неодамна изгубиле член на семејството. М

Мајката во еден момент отишла да ја провери својата 12-годишна ќерка и се преплашила. Девојчето во несвест левитирало над креветот. Латоја врискајќи се вратила на приземјето.

Со пријателите се молела се додека нејзината ќерка не се спуштила. Девојчето не се сеќавало на ништо. Со текот на времето сите станале опседнати. Ги имале сите знаци: Изразени очи, злобно се смееле и гласовите им станале длабоки. Свештеникот од католичката црква неколку пати официјално извел егзорцизам.

Очајното семејство побарало помош од свештениците кои им кажале дека во куќата има 200 демони.

Најмалиот син често седел во ормарот и си разговарал со момче кое никој друг не можел да го види. Во случајот се вклучила и полицијата и лекарите. 

Психијатрите ја прегледале Латоја и потврдиле дека нема никакви психички заболувања.

По извесно време семејството Амонс се ослободило од духовите дури откако се преселиле. Тие поминале низ неколку егзорцизми. Во меѓувреме во куќата дошле нови станари, меѓутоа тие засега немаат никакви проблеми.

28.01.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа