ОН бара да не се плаќа откуп за киднапираните лица

Советот за безбедност на Обединетите Нации усвои резолуција со која се бара од сите земји во светот да престанат со плаќање откуп на разните терористочки групи кои киднапирале нивни државјани.

Целта на Резолуцијата е да се изврши дополнителен притисок врз државите, да се откажат од преговори со терористите за ослободување на киднапираните.

Средствата што се добиваат од откупнината се користат исклучиво за купување оружје и за регрутирање нови терористи, но подготвеноста на некои земји да преговараат и да платат за ослободување на своите државјани киднапирани од терористите, придонесува за зголемување на бројот на терористочките групи, се наведува во документот.

Според истражувањето бројот на киднапирања во земји како Сирија, Јемен, Сомалија или Нигерија, се зголемиле со истиот процент со кој расте и бројот на терористички групи.

За ваквата Резолуција гласаа сите 15 земји-членки на Советот за безбедност.

28.01.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега