Дијаманти од кремирани човечки тела

Швајцарската компанија Алгорџанза нашла начин да ги претвори човечките остатоци во дијаманти.

Процесот трае три месеца и човечкиот пепел е подложен на високи температури и голем притисок сличен на процеси кои се јавуваат длабоко во јадрото на Земјата. Крајниот резултат е дијамант, обично е со сина боја.

Компанијата соопшти дека од остатоците на една личност може да се направат девет дијаманти.

Секој дијамант е уникатен, бидејќи клиентите избираат боја или форма и дијамантите ги носат или како приврзоци или како прстени.

Цената на еден ваков дијамант е околу 5.000 долари.

За оние кои не можат да се одделат од саканите личности оваа компанија е идеално решение бидејќи ги произведува дијамантите од кремирани човечки тела.

28.01.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега