Британските пратеници бараат кралството да ги намали трошоците

Британските пратеници со конкретно барање до кралскиот дворец. Тие го повикаа кралскиот дворец на Елизабета Втора да ги намали трошоците и да обезбеди средства за обновување на своите имоти.

Според извештајот на Комисијата за државните сметки, финансиските ресурси на кралицата се намалени и достигнале до еден милион фунти (1,2 милиони евра), откако во 2012-2013 година кралскиот дворец имаше дефицит од 2,3 милиони фунти.

“Од 2007-2008 година кралскиот дворец ги намалил своите трошоци за 16 отсто, но 11 проценти се должат на зголемувањето на неговите приходи, а само пет отсто на намалување на трошоците. Според нас постои можност уште да се намалат трошоците и да биде поефикасна програмата на кралицата”, истакна Маргарет Хоџ, претседателка на Комисијата.

Во комисискиот документ се наведува дека се потребни поголеми суми за да се одржат на достоинствено ниво имоти кои му припаѓаат на кралскиот дворец, а кои се од национално значење, како што се Музејот на Викторија и Алберт во Лондон, потоа Бакингамската и Виндзорската палата, кои чекаат подолг период да бидат реновиран

28.01.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа