Украинскиот премиер си поднесе оставка

Микола Азаров актуелниот украинскиот премиер поднесе оставка.

-Со цел да се создадат дополнителни можности за социо-политички компромис, за доброто на мирно решавање на конфликтот, направив лична одлука да побарам од украинскиот претседател да ја прифати мојата оставка од функцијата на украинскиот премиер, рече Азаров во соопштението.

Претседателот на парламентот Володимир Рибак соопшти дека прекината е вонредната седница на Парламентот, на која се дискутира за уредувањето на политичката криза и објавена е получасовна пауза заради утврдување на дневниот ред.

Тој претходно соопшти дека Парламентот денеска нема да дискутира за воведување вонредна состојба во земјата. 

28.01.2014 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега