Пресуден ден за Украина: Ќе се стави ли денеска крај на крвавите протести?

Поранешните украински претседатели Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко денеска ќе учествуваат на вонредната седница на која може да биде решена ситуацијата во Украина која деновиве излезе од контрола. 

Учеството на седницата поранешните претседатели на Украина го потврдија вчера за време на „тркалезна маса“ во Киев, организирана на иницијатива на Кравчук. Како единствена точка на дневен ред денеска ќе биде смирување на немирите кои два месеци ја тресат Украина, а зедоа и неколку жртви. Учесниците предложиле Кравчук да се обрати пред пратениците и да ги претстави заклучоците од седницата, посветена на изнаоѓање на мирно решение за политичкиот конфликт во Украина.

Европската унија ги повика украинските власти да ги зачуваат мирот на протестите и јасно да се дистанцира од оние кои поттикнуваат насилство.

28.01.2014 - 09:33
Фото: 
здраво.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега