Кличко: Нема да дозволам да се пролее крв во Украина

Виталиј Кличко кој е еден од опозициските лидери вчера изјави дека главна задача во моментот е да не се дозволи крвопролевања во Украина.

“Ќе направам се и нема да дозволам да се пролее крв. Тоа е нашата главна задача”, истакна Кличко, лидер на партијата УДАР, во своето обраќање пред почетокот на вонредната седница на Врховната рада.

Тој вети пред демонстрантите на киевскиот Плоштад на независноста дека по седницата ќе се врати кај нив и ќе им ги пренесе резултатите од дебатата во Парламентот.

Денеска се очекува Врховната рада да ги разгледа прашањата кои се од големо значење за власта и опозицијата, а можат силно да влијаат врз развојот на политичката ситуација во земјата.

28.01.2014 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега