Уште еден Албанец убиен во Сирија

Албански државјанин, под псевдоним Еду Самед, вчера е убиен во Сирија.

Како што пренесува онлајн изданието на приштинскиот весник „Екпсрес“ станува збор за 40-годишен жител на албанскиот град Подградец.

Според истиот извор во последните две недели убиени се повеќемина Албанци кои војуваат во Сирија.

Од ноември 2012 кога беше убиен првиот Албанец по потекло од Приштина, во борбите во Сирија убиени се четириесетина Албанци од Албанија, Косово, Србија и од Македонија. Од нив четворица се од Македонија. Иако точната бројка не се знае, неофицијално над 500 Албанци од регионот војуваат во Сирија, главно во радикалните исламски групи

27.01.2014 - 22:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега