За да не плаќа даноци русинка го сменила полот

Триесет и осум годишната русинка Наталија од Астрахан го смени полот за да добие нов идентитет и со тоа да го избегне плаќањето на своите долгови.

Таа направила операција за промена на полот, по што се нарекла Андријан.

Според портпаролот на регионалната служба на извршители, промената на полот сепак не ја ослободува од обврската да го плати долгот во висина од 130.000 рубљи или околу 2.800 евра.

Андријан моментално се крие од властите, бидејќи по промена на полот успеал да направи нов долг, со тоа што не платил даноци. 

27.01.2014 - 20:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега