Ѓул побара Франција да не го блокира членството на Турција во ЕУ

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска за време на посетата на својот француски колега Франсоа Оланд побара Франција да не го блокира напорот на Турција за членство во Европската унија.

“Го поздравуваме позитивниот став на Оланд во изминатите неколку години. Сепак, преговарачкиот процес не значи и членствo. Преговарачкиот процес претставува процес на прилагодување. Се надеваме дека нема да дојде до политичка блокада”, изјави Ѓул на заедничка прес конференција со Оланд.

Посетата на Оланд на Турција е прва посета на француски претседател во изминатите 22 години и покажува одмрзнување на врските меѓу двете земји.

27.01.2014 - 19:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа