Романија очекува позитивна одлука за интеграција во шенген зоната

Титус Корлацјан, шефот на романската дипломатија денеска изјави дека Букурешт очекува позитивна одлука за интеграција во шенген зоната до крајот на годината.

“Членството на Романија во шенген зоната е приоритет и легитимно прав на Романија како земја-членка на Европската унија. Ние се трудиме да ги исполниме критериумите од шенгенскиот договор. Романија се надева до крајот на годината во ЕУ да биде постигнат консензус за тоа”, истакна Корлацјан на средбата во Букурешт со холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс.

Тимерманс истакна дека извештајот за Романија ќе биде разгледуван во Брисел со желба „за заедничко решавање на проблемите“. 

27.01.2014 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега