Во Италија украдена епруветата со крвта на папата Јован Павле Втори

Украдена е епрувета со крвта на починатиот папа Јован Павле Втори од црква Сан Пјетро дела Ленка во Италија.

Полицијата организира голема потрага во која учествуваат 50 полицајци и кучиња.

Епруветата  била  украдена во саботата од црквата каде папата кој почина во 2005 година сакал да оди на скијање.

Полицијата го пребарува регионот што е препознатлив поради камените куќи и малата црква во која наводно поранешниот поглавар на Католичката црква се засолнил за време на бура.

Шефот на здружението „Сан Пјетро дела Ленка“ Пасквале Кориера изјави дека на светот постојат само три епрувети со крвта на поранешниот папа.

27.01.2014 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега