Расмусен гo претстави списокот со задачите на НАТО пред средбата во Велс

При претставувањето на годишниот извештај на Алијансата пред средбата на шефовите на државите и владите од организацијата, предвидена за септември годинава во Велс изјави дека инвестирање во конкретни способности, поддршка на сојузничките сили и проширување на соработката со партнерите во клучни насоки, со кои ќе се подготват за прифаќање на идните предизвици.

Во документот се претставени достигнувањата од минатата година и задачите пред пактот во пресрет на состанокот во Велс.

Според Расмусен, денес НАТО е поспособна и ефективна организација од кога било, но и дека е важно да се задржи правецот кон обнова. Тој како примери за напорната работа на Алијансата ги посочи операциите во Авганистан, Косово и крајбрежјето на Сомалија, како и на распоредувањето на ракети во Турија, на границата со Сирија.

Расмусен инсистираше државите од пактот да инвестираат во подобрување на своите воени капацитети, со цел да се справат со терористичките закани, пиратството, регионалната нестабилност, како и од можните напади со ракети или кибер напади. Тој, исто така, ги повика земјите да ја задржат клучната улога во создавањето на заедничко разузнавање, како и на заедничка противракетна одбрана. 

27.01.2014 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега