Филе во Украина ќе посредува меѓу Владата и опозицијата

Штефан Филе, европскиот комесар за проширување повторно отпатува за Украина со цел да посредува меѓу Владата и опозицијата за решавање на политичката криза.

Филе во петокот и во саботата беше во Киев, при што се сретна со претседателот Виктор Јанукович и опозициските лидери.

Во текот на неделата предвидено е и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон да пристигне во Украина.

"Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ги помуди своите услуги за да посредува меѓу власта и опозицијата во Украина", изјави швајцарскиот претседател Дидие Буркхалтер, чија земја претседава со ОБСЕ. 

27.01.2014 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега