Лапсус на турски медиум: Новак Џоковиќ осуден на 25 години затвор

Турската новинска агенција "World Bulletin" објавувајќи ја веста за генералот на Војската на Република Српска, Новак Џукиќ, во целиот текст по грешка го навела името на најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ. Агенцијата објавила дека Новак Џоковиќ ќе биде осуден на 25 години за воени злосторства против цивилното население во Тузла.

Турската агенција името на славниот тенисер го споменува од самиот почеток па се до крајот на текстот.

Оваа грешка е исправена по неколку часа.

 

27.01.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа