ВИДЕО: Хотелски апартман под вода - би престојувале ли тука?

 

Комплексот „Мана Рисорт“, кој се наоѓа крај источниот брег на Африка на островот Пемба нуди едноставна услуга за изнакјмување апартман насреде Индискиот Океан кој нуди неверојатно доживување.

Апартманот се наоѓа четири метри под вода, а цената за ноќевање се движи меѓу 900 и 1.500 долари.

Тој има три нивоа: тераса над водата каде туристите обично се сончаат, а ноќе ги гледаат ѕвездите на небото, дневна соба и бања на ниво на Океанот и спална соба од стакло на четири метри под водата.

Сместувањето во овој единствен апартман е резервира со месеци однапред.

 

27.01.2014 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа