ФОТО: Го родила своето бебе во пластична санка

Како што пренесуваат американските медиуми, жена се породила во пластична санка. Ширли Ким Бонани од Филаделфија добила породилни болки и тргнале да одат кон болница,  но откако со сопругот излегле од домот виделе дека снегот е толку длабок што не може да се стигне до автомобилот кој бил паркиран во подножјето на блиското ритче. 

Сопругот од гаражата ја извадил санката и на температура под нулата ја сместил и полека тргнал надолу по ридот, меѓутоа породувањето веќе започнало.

На помош притрчале бабата и дедото, како и соседите кои преку телефонски инструкции од итната медицинска служба, породувањето било довршено, токму во моментот кога возилото на итната помош успеало да дојде до родилката и семејството во болница. Бебето и мајката биле веднаш однесени во болница.

27.01.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега