Вооружен напад пред изборен штаб во Истанбул - убиено едно лице

 

Како што соопштува весникот  „Акшам“, едно лице е убиено, а шестмина други се ранети синоќа во вооружен напад врз предизборен штаб на опозициската Партија за националистичка акција во истанбулската општина Есенурт

Вооружениот напад бил изведен за време на посетата на штабот на кандидатот за градоначалник на Истанбул од оваа партија Расим Аџар.

Во нападот биле ранети седум лица, меѓу кои и одговорниот во партијата за односи со јавноста, кој подоцна починала во болница.

Пратеникот на МХП од Истанбул и заменик-претседател на оваа националистичка партија Џелал Адан настанот го поврзува со активности на членови на Курдската работничка партија (ПКК)во регионот.

 

27.01.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега