„Вилает Дагестан“ ги повикува Русите да му се спротивстават на Путин

Милитантната група која тврди дека ги изврши двата терористички напади во Волгоград, ги предупреди Русите да му се спротивстават на претседателот Владимир Путин затоа што во спротивно ќе се соочат со нови бомбашки напади.

 

Предупредувањето доаѓа на две недели пред отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, но во него олимпијадата не се споменува.

Оваа група, која себеси се нарекува „Вилает Дагестан“, дејствува во реонот на Северен Кавказ, каде Русија војува со локалните исламистички бунтовници веќе неколку децении.

 

Групата им се закани на Русија и на претседателот Путин со добивање „подарок“ за време на игрите.

Игрите во Сочи ќе останат запаметени како најскапа олимпијада, затоа што таа ќе чини дури 50 милијарди долари, безмалку пет пати повеќе од онаа во Лондон во 2012 година.

 

Во соопштението на милитантната група се вели дека бомбашките напади во Волгоград, каде беа убиени 34 луѓе, се „одговор за свирепоста“ што ја спроведуваат „неверниците“ во реонот на Кавказот.

 

Официјална Москва одби да го коментира соопштението, како и предупредувањата што најмалку шест западноевропски олимписки комитети ги добија минатата недела, за тоа дека игрите се соочуваат со „терористичка закана“.

 

Руските безбедносни власти само изјавија дека заканите до странските олимписки комитети се лажни.

 

 

 

26.01.2014 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега