Фифи си ја отвори душата на Фејсбук

Откако доби критики од некои јавни личности, македонскиот учесник на Х - Фактор, Филип Јаневски - Фифи си ја отвори душата на Фејсбук.

-Јас кога ке видам дека некој човек успева во животот и се бори за да го постигне тоа што го сака не можам да си дозволам да плукам по него и да се однесувам исфрустрирано поради начинот на кој тој човек избрал да се претставува себе си. Видов кои луѓе од македонската естрада (луѓе кои искрено ги почитував ) водители, естрадни уметници и wanna be спонзоруши водителки кој за жал не можат никако да успеат плукаат по мене и мојот досегашен успех. Епа драги мои "СОВРШЕНИ КРЕАТУРИ" , повелете еден ден да чекорите во моите чевли и после коментирајте дали јас носам прслук и дали сум маж или жена. Срамота за јавни личности да се понашаат исфрустрирано, срамота бидејќи баш тие јавни личности како такви треба да шират позитивна енергија на народот и да се борат за еднаквост и почитување на различноста, доста ни е од луѓе кои само знаат да плукаат во јавност а не придонесуваат ништо добро, СРАМОТА! МРШ! – напиша Фифи на својот профил.

26.01.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега