Џеј Ло: Ја пронајдов тајната за совршена врска!

Џенифер Лопез вели дека нејзината неверојатна фигура е резултат од неверојатна дисциплина и тоа да не јадеш цело канче сладолед.

Четириесет и четиригодишната пејачка е мајка на две деца, која е во врска со танчерот Каспер Смарт кој е 18 години помлад од неа ја отвори душата и раскажа за нејзиниот фитнес режим и тврди дека конечно ја пронашла тајната за совршена врска.

Инаку Џенифер зад себе има три неуспешни брака. Таа изгледа неверојатно добро на фотосесијата за магазинот Гламур. За нејзиниот љубовен живот, таа изјавила:

„Сакам малку да биде хаотично, но исто така сакам безбедност и ред“, изјавила згодната Џеј Ло

26.01.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа