Јацењук ја одби премиерската понуда на Јанукович

Лидерот на украинската опозиција Арсениј Јацењук, синоќа, откако претседателот на Украина Виктор Јанукович му го понуди местото премиер, изјави дека опозицијата е подготвена да ја прифати одговорноста за земјата.

Американските медиуми пренесуваат дека Јацењук порача дека опозицијата е подготвена да ја води земјата, но дека нема веднаш да ја прифати понудата на претседателот Јанукович тој да стане премиер.

Еден од лидерите на опозицијата Виталиј Кличко синоќа изјави дека сака претседателски избори во текот на оваа година и дека опозицијата нема да се откаже од своите барања

"Нашето барање е да се оддржат претседателски избори годинава...Нема да се откажеме, но разговорите ќе продолжат, им соопшти Кличко на демонстрантите откако Јанукович на опозицијата и го понуди местото премиер за да заврши кризата во земјата", пренесоа француските меидуми.

Во разговорите на претставниците на опозицијата со Јанукович, на Јацењук му било понудено местото премиер на Владата, на кое ќе го замени Николај Азаров, додека на Кличко му било понудено местото потпретседател на владата задолжен за хуманитарни прашања.

Претседателот Јанукович, исто така, ветил дека ја разгледа можноста да го промени украинскиот Устав, според кој шефот на државата има многу големи овластувања, а тоа ќе го направел или со распишување референдум или со усвојување закон. 

26.01.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега