Отруени 19 работници со јаглерод-моноксид во Евротунелот

Деветнаесет работници кои работеле на Евротунелот под Ламанш се затруени со јаглерод-моноксид, а еден од нив се наоѓа во тешка состојба.

Шеесет лица синоќа менувале пруга во железничкиот тунел, што ги поврзува Кале во Франција и Фолкстон во Велика Британија, кога еден заварувач се разболел.

Еден од работниците изјавил дека дијагностицирано било труење со јаглерод-моноксид додавајќи дека работникот кој бил „во многу тешка состојба“ веднаш бил префрлен во болницата во Кале, а потоа и во Лил, на север на Франција.

Покрај него, на проблеми се пожалиле уште 18 работници кои, исто така, се префрлени во болниците во Кале, Булоњ-сир-Меру и Динкерк, но нивната состојба не е загрижувачка.

Отворена е истрага за причината за овој инцидент, наведуваат француските медиуми. 

26.01.2014 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа